Здраво. Ова е седумдневен Божиќен предизвик кој ќе трае од Нова година до Божиќ и е за секој еден кој сака да ја започне новата година со 7 добри чекори, во добра насока, со добра духовна основа.
За секој ден ви подготвивме:
Темите, молитвите и предизвиците се внимателно избрани за да ги подготват нашите срца и души за Божиќ, но и за новите предизвици што ги носи новата година. Доколку читате од мобилен, најгоре лево имате мени () за навигација. Среќни новогодишни и божиќни празници. Уживајте!
Верувај во Бог со сето срце и не потпирај се на својата мудрост;
барај водство од Него во секоја постапка и Тој ќе те води низ животот.
Не мисли за себе дека си многу мудар, туку,
почитувај Го ГОСПОДА и бегај од злото;
тоа ќе ти биде лек за телото и здравје за коските.
– Соломонови изреки 3:5-8, Светото Писмо