„Да бев медицинско лице, ќе им препишев одмор на сите пациенти што сметаат дека работата им е важна.“ Ова го заклучува Бертранд Расел, за оние што избегнуваат да направат пауза од својата „особено важна“ работа за време на празници.
Празниците ја дооформуваат структурата на нашите социјални животи. Без разлика каде некој се наоѓа на религиозниот спектар, сите се согласни дека празниците, како израз на прослава, се суштински важни за секој еден од нас. Едноставно, не постои цивилизација која живее без празници.
Еден таков празник во еврејската култура е празникот Ханука, или Празник на посветување на храмот. Познат е како празник на светлината затоа што свеќникот што се пали по тој повод потсетува како Бог го спасува својот народ од угнетувачите, но и од состојбата на духовна темнина. Свеќникот потсетува и на потребата луѓето да се вратат кај Бог и да се поврзат со Него. Светлината во Библијата на многу места е употребена да се опише Бог и убавите работи кои доаѓаат од Него.
Читаме дека „Бог е светлина и во Него нема темнина“ (1 Јован 1:5), „Бог ми е светлина и спасение и нема потреба да се плашам“ (Псалм 27:1), „Бог е Татко на светлината“ (Јаков 1:17) итн. Не е мала работа да се има светлина во време кога немало струја. Освен што е суштинска за постоење на живот, светлината е потребна и за непречено функционирање на секојдневието. Во Библијата, Исус вели:
„Јас сум Светлината на светот; кој врви по Мене нема да оди во темнина, туку ќе ја има светлината во животот.“ (Исус, ев. Јован 8:12, Библијата)
Замисли го контекстот каде го вели тоа – во храмот, кој е симбол за нивното поврзување со Бог, застанувајќи пред таков свеќник, кој ги претставува сите овие претходно набројани работи и многу повеќе.
„Јас – Светлината – дојдов во светот, за ниеден, кој верува во Мене, да не остане во темнина.“ (Исус, ев. Јован 12:46, Библијата)
Секој празник е карактеристичен и ограничен на народот и културата која го празнува, но во овој случај Исус дава едно универзално значење. Тој е вистинската светлина, но за целиот свет, вклучувајќи не и мене и тебе. Само преку Него може да се вратиме кај Бог и само Исус може да не извлече од духовната темнина.
Овој празничен период може да ти биде потсетување да размислуваш за оваа универзална реалност. Исус те поканува да се поврзаш со Бог, да те извлече од духовната темнина и да ти даде вистинска смисла на празнувањето.
Користиме колачиња (cookies) со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство. Детални информации за начинот на кој може да ги смените Вашите преференци за колачињата може да најдете на Политика за приватност и Политика за колачиња.Ok