„Затоа, Господ самиот ќе ви даде знак: Еве, девица ќе зачне и ќе роди син, и ќе го наречат Емануел!“ (Пророк Исаија 7:14, Библијата)
Името Емануел е хебрејско име што во превод значи „Бог со нас“. Емануел се појавува двапати во Стариот завет и еднаш во Новиот завет. Значењето на Емануел е дека Бог ќе живее меѓу својот народ. До овој момент Израелците виделе еден вид на ова живеалиште, но Бог бил „содржан“ во храмот во светињата на светињите или претходно во столбот од облак и оган што ги водел низ пустината. Но, кога дојде Исус, сè се смени.
Сега, откако се роди Исус
Значењето на Емануел е: Бог сега е наш пријател кој живее блиску до нас.
Бог, Создателот на универзумот е со тебе. Во твоите најдобри денови, твоите најлоши денови, во секој момент од твојот живот, Емануел.
Мислам дека често ја имаме оваа слика дека Бог сака прво да си ги исчистиме животите, па потоа да дојдеме кај Него. Но, Емануел ни покажува поинаква слика. Тој дојде по нас и сака да ни помогне да се исчистиме. Тој не се плаши од нашиот грев или од нашата скршеност. Сосема спротивно, Тој дури и како да е привлечен кон тоа. Исус се роди во едно неуредно време, кога Израелците биле под римска окупација. Место со скршено минато, тажна сегашност и неизвесна иднина. Тоа е значењето на „Бог со нас“. Бог покажа солидарност со својот народ: Божјиот Син, Емануел, дојде во светот.
Емануел значи дека Бог разбира низ што поминуваме. Тоа ни покажува дека Бог не сака само да ги следиме правилата и да ги почитуваме. Наместо тоа, Тој сака врска со нас и Тој е подготвен да стори сé за да направи начин тоа да се случи. Емануел ни покажува дека имаме Бог кој разбира. Тој помина низ истот пат, знае што чувствуваме и ја разбира нашата болка.
Емануел ни ја покажа уникатноста на христијанството: ние следиме Бог кој не е далечно суштество кое е незаинтересирано и незасегнато од она што се случува на земјата. Наместо тоа, тој е Бог кој е подготвен самиот да го доживее тоа на оваа проколната, падната планета.
Тоа е неверојатно. Ниту една друга религија нема Бог кој доброволно страда за својот народ, Бог кој толку длабоко и сочувствително може да се идентификува со своето создание. Емануел значи дека постои Бог кој нé разбира нас.
Користиме колачиња (cookies) со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство. Детални информации за начинот на кој може да ги смените Вашите преференци за колачињата може да најдете на Политика за приватност и Политика за колачиња.Ok