ЦВЕТНИЦИ 2023
Замисли ги сега еден по еден твоите соседи. Можеш ли да им го предвидиш местото на ваквата парада? А нивниот став кон сето тоа и кон Исус Христос? Тоа е важно за да бидеш свесен кој од нив каде стои по овие прашања.

Денот што започна со веселба за Исус сепак заврши со солзи. Кога стигна на спротивниот дел од Ерусалим, Исус заплака. Тој добро знаеше дека сите тие пофалби од луѓето беа само затоа што тие очекуваа овоземен цар и чудотворец за нивните телесни потреби и желби. Тие знаеја дека Исус исцелува болни, нахранува гладни… Од таков интерес го славеа и посакуваа. Не од духовен. Кај себе не посакуваа никаква промена
Каква е разликата денес? Со какви мотиви му ласкаме и благоречиме на Господ Исус во нашите песни и молитви?
Оти, на Бога му е преку глава од празникољупци. Во потрага е по Богољупци.

Д-р Иван Грозданов
Универзитетски професор (во пензија), библичар и писател.
Еден од шестте македонски научници кои се најдоа на листата на топ 2% најцитирани и највлијателни научници на светско ниво. Неговите книги можете да ги најдете на онлајн книжарницата Откровение.
Интерактивни групи за проучување на Библијата
Велигден е одличен момент да се приклучите во една од многуте групи за проучување на Библијата. Групите се состануваат еднаш неделно, во време кое најмногу им одговара на сите. Сите имаат можност да учествуваат во читање и коментирање на пасуси од Библијата. Проучувањето трае околу еден час. Целосно се бесплатни. Групите се составени од луѓе со слична возраст…
