Интерактивни групи за проучување на Библијата

Македонија гордо се смета за библиска земја со околу 65% христијанско население. Повеќето имаат познавање за празниците, обичаите, адетите, но за жал мал е процентот на луѓето кои ја познаваат суштината на верата запишана во Светото Писмо – Библијата. Библијата нуди изобилство на универзални вистини и безвременска мудрост која ако ја примениме во нашите животи ќе ни даде вистинско исполнување, смисла, радост и мир во овој хаотичен свет. За таа цел секоја година организираме интерактивни групи за проучување на Библијата.

„Човекот не ќе живее само од леб, туку од секој збор, што излегува од устата на Бога“

Исус Христос, Библијата

Студентска 1

Студентска 2

Возрасни 1

Медицинари

Возрасни 2

Студентска 3

Студентска 4

Средношколска

Најчести прашања:

Господ Исус Христос заповеда: „Бесплатно добивте – бесплатно давајте!“. Учеството во библиските групи е целосно бесплатно. Се додека имаме Нови завети и Библии, ги делиме бесплатно. Денес Библијата е достапна и на мобилен, така што нема што да се наплаќа тука.

Групите се состануваат еднаш неделно, во време кое најмногу им одговара на сите. Атмосферата е опуштена и полуформална – слично како да сте излегле во кафиќ со пријателите и дискутирате за Библијата. Сите имаат можност да учествуваат во читање и коментирање на пасуси од Библијата. Проучувањето трае околу 60-90 минути, во зависност од расположението. Групите се составени од луѓе со слична возраст. Има и специјализирани групи, како на пример „медицинарската“ која ја сочинуваат доктори, медицински лица и студенти по медицина.

Библиските групи не се организирани од некоја конкретна црква, туку е заедничка иницијатива од христијани од повеќе цркви. Групите се составени од православни, католици, протестанти или едноставно од луѓе кои се духовно заинтересирани. Добредојден е секој кој сака искрено да учи кој е Исус Христос и што поучувал. Таму се фокусираме на она што е заедничко и што ги зближува христијаните (основите на верата), а не она што е различно и ги разделува (црковните разлики).