Вера, надеж и љубов

Квалитетниот живот = растеж во верата, надежта и љубовта

Квалитетниот и исполнет живот се карактеризира со растеж во верата, надежта и љубовта. Но, верата, надежта и љубовта мора да се базираат на цврсто, реално, вистинско знаење. Не можеме да кажеме, само верувај, или само ти надевај се, или пак, само треба да се сакаме. Сето тоа може да звучи убаво, но овие три доблести мора да имаат добра основа и да се објасни што значат и како функционираат во нашиот секојдневен живот. Само тогаш кога овие се базирани на вакво реално знаење/познавање ќе бидат плодни во нечиј живот. Инаку би биле неуспешни, плитки или погрешни. Веруваме дека Библијата и христијанството, низ многуте векови го давале ова неопходно знаење за квалитетен и исполнет живот. Но, и дека сеуште го даваат. Ајде, преку овој курс, заедно да го истражуваме!

Вкупно овој курс има 9 лекции. Сите три – верата, надежта, љубовта – имаат по три дела.

Регистрирај се и почни со курсот.