Почеток на Исусовата служба
Исусовите јавни чуда
Исус се фокусира на учениците
Исусовото приведување и распнување
Исусовото воскресение

Вовед

Евангелието според Јован Го прикажува Господ Исус Христос како Божјо Слово (Реч, Збор), Кое стана тело и живееше меѓу луѓето. Во самото Евангелие е јасно кажана и целта поради која е напишано: за читателите да поверуваат дека Исус е ветениот Спасител, Божјиот Син, и преку вера во Него да се здобијат со вечен живот (Глава 20, стих 23).

Евангелието започнува со претставување на Исус како Божјо Слово. Следуваат низа известувања за чудата што Исус ги правел, со кои Тој се потврдува како Божји Спасител за луѓето. Потоа се опфатени Исусовите објаснувања за значењата на извршените чуда. Во продолжение Јован ја опишува блискоста на Исус со Неговите ученици, преку повеќе случки и совети дадени во последната ноќ пред Исус да биде уапсен. Следуваат записите за Исусовото приведување, судење, распнување, воскресение и појавувањата на воскреснатиот Господ Исус Христос.

Ова Евангелие го нагласува вечниот живот што се добива преку вера во Исус Христос. Јован ги запишал бројните поуки на Исус во кои за духовните работи се зборува преку параболи, односно споредби со секојдневни нешта, како што се водата, лебот, светлината, пастирот и овците, лозата и прачките, итн.

После секоја тема има по 1-2 инспиративни прашања кои ќе ве водат во длабочините на Исусовото учење. За да ги отклучите прашањата и да го следите вашиот прогресот, потребно е да се логирате.


  • Текстот на евангелието е директно превземен од Новиот Завет (2006, ревидирано издание) – со благослов на светиот архиерејски синод на македонската православна црква.
Skip to toolbar