12 аргументи за Исусовото воскресение


3. Јаков – полубратот на Исус. Тој, како и другите синови на Марија, не верувал во Исус. Но подоцна, откако Исус му се објавил жив, Јаков не само што поверувал, туку и станал водач на црквата во Ерусалим, а подоцна и бил осуден на смрт со каменување заедно со уште неколку христијани по наредба на римскиот прокуратор Луцеус Албинус во 62 година. Јаков можел да го избегне каменувањето доколку едноставно се одврател од верата во воскреснатиот Исус.

„Ги прашав директно дали се христијани или не? Ако исповедаа дека се христијани, ги прашував уште еднаш. И трет пат ги прашував вклучувајќи закани во прашањето. Ако останеа на тоа дека се христијани, наредував да бидат егзекутирани…. Оние што одрекуваа дека се или некогаш биле христијани, ја обожаваа твојата слика и сликите на боговите и го проколнуваа Христос… нив ги ослободував.“ (Плиниј Помладиот, Писма 10:96, http://www.pbs.org/wgbh/pages/frontline/shows/religion/maps/primary/pliny.html )
Многу христијани 3 пати потврдиле дека се христијани, не се поклониле на сликата на императорот и не го проколнале Христос и затоа биле убиени. Зошто? Колку треба да си луд за да умреш на таков начин ако ти лично не си бил сведок на воскреснатиот Христос, туку некој пријател ти кажал дека некој негов другар наводно го видел Исус жив? Еден, двајца можеби и ќе се најдат толку луди, но Трајан зборува за премногу такви случаи и затоа се обраќа кај императорот за совет.
Исто така Корнелиј Тацит (55-120), кој бил римски сенатор и врвен историчар во тоа време, во своите Анали (15тата книга, 44 пасус), пишува за тоа како императорот Нерон подметнал пожари во Рим (за да може потоа да го обнови градот по своја мерка) и потоа за тоа ги обвини христијаните, демек тие го запалиле градот. Тацит пишува како Нерон ги прогонувал, правел гладијаторски забави со нив, ги облекувал во кожи од животни и ги фрлал во арени да бидат распарчени од ѕверови (кучиња, лавови), ги распнувал на крстови, ги давел во реката Тибар, ги спалувал на клади за да служат како светилници во ноќта. (Извор: http://www.perseus.tufts.edu/hopper/text?doc=Perseus:text:1999.02.0078:book=15:chapter=44 )
И овие исто така можеле да се спасат со едноставно одрекување од Христос. Но зошто мнозина не го направиле тоа? Затоа што им било ладно па сакале да се згреат горејќи на клада? Затоа што некој вешто ги излажал дека го видел Исус жив? Или можеби затоа што биле самите очевидци на воскреснатиот Исус?

Римскиот гувернер Плиниј помладиот, во истото писмо до императорот Трајан што го спомнав погоре го напишал следново:
„Зашто има многу, од секоја возраст, од секој ранг, и машки и женски, кои сега или понатаму ќе бидат повикани на судење (зашто се христијани) и ќе бидат во опасност, затоа што ова суеверие се шири како епидемија, не само во градовите, туку и во внатрешноста по селата, каде што не постои надеж дека може да се сопре или корегира“. (Плиниј Помладиот, Писма 10:96, http://www.pbs.org/wgbh/pages/frontline/shows/religion/maps/primary/pliny.html )

„Името христијанин доаѓа од Христос, кој бил егзекутиран за време на владеењето на Тибериј од страна на прокураторот Понтиј Пилат. Опасното суеверие, запрено за кратко, повторно почнало да се шири не само низ Јудеја, изворот на “злото”, туку дури до Рим…“. (Тацит, Анали XV, 44)Изразите како „опасното суеверие“ и „злото“ се сосема очекувани од Тацит, согласно неговиот став спрема христијаните. Но токму овој негативен став ни овозможува да го ѕирнеме Христовото воскресение од перспектива на тогашните непријатели на христијаните. Тацит забележува дека опасното суеверие било запрено за кратко (со егзекуцијата на Исус), но потоа почнало експлозивно да се шири и набрзо дошло и до престолнината на Римската империја – Рим. Валидно прашање за Тацит и за сите скептици е: Ако Исус не воскреснал, што би можело да биде причината за експлозивното ширење на кратко запреното „опасно суеверие“ – како што го нарекувале тогашните римски водачи?



10. Логичка целина. Овој чин на жртвување на безгрешен човек за време на Пасхата (како замена за жртвувањето на пасхалното јагне) е совршено исполнување на старозаветниот Мојсеев закон и прави една логична целина на целата Библија и Божјата правда

Потребна е фанатичка вера да се верува дека Исус и апостолите го правеле тоа и не биле фатени од оние што деноноќно го демнееле Исус.
Но зошто апостолите би соработувале во овие трикови, за потоа да ги даваат животите свои верувајќи дека тоа биле вистински чуда кога би знаеле дека тоа биле трикови??
Напротив, честопати фарисеите биле директни сведоци на Исусовите чуда, но едноставно велеле дека сето тоа Исус го прави преку Белзебул – водачот на демоните. Според нив Исус не можел да биде Божји човек затоа што тој не ја празнувал Саботата по теркот на фарисеите, не се потчинувал на нивниот авторитет, зборувал против нивната лицемерна вера итн.
Дури и во еврејскиот Талмуд (Санхедрин 43а) пишува дека Исус бил егзекутиран во предвечерието пред празникот Пасха заради правење магии, заради кои го завел и разединил еврејскиот народ.
Исто така и антихристијанскиот римски писател Целзо неколку децении после Исус пишувал дека Исусовите чуда всушност биле магии што Исус ги научил од Египет (без никакви аргументи за тоа). Кутрите непријатели на Исус кои мака мачеле да ги интерпретираат Неговите недвосмислени чуда кои едноставно не можеле да ги негираат. Кога Мухамед во почетокот на 7от век ја основал Исламската религија (конкурентна на христијанството), дури ни тогаш тој не можел да ги негира Исусовите чуда и некои од нив се запишани и во Куранот (Сури 2:8-7, 3:49, 5:112-114, 19:20-21 и други цитати од Куранот)
12. Личното сведоштво. Таа вера го промени мојот живот и животите на многу луѓе што лично ги познавам. Слабоста на овој аргумент е тоа што е субјективен за другите, но за оној кој верува и ја искусил силата на живиот Христос во својот живот, тоа е најсилниот аргумент.
Интерактивни групи за проучување на Библијата
Велигден е одличен момент да се приклучите во една од многуте групи за проучување на Библијата. Групите се состануваат еднаш неделно, во време кое најмногу им одговара на сите. Сите имаат можност да учествуваат во читање и коментирање на пасуси од Библијата. Проучувањето трае околу еден час. Целосно се бесплатни. Групите се составени од луѓе со слична возраст…
